На црниот пазар се продаваат 500.000 хакирани Zoom профили

Преку хакерски форуми, хакирани профили на Zoom се продаваат на црниот пазар.

Фирмата за разузнавање за компјутерска безбедност „Сајбл“ забележала зголемување на продажба на профили на 1 април, кога достапни за продажба биле 530.000 профили за $0.002 од профил, а некои се споделувале и бесплатно, објави Blinding Computer.

Купувачот со хакираниот профил добивал пристап до URL-адреси за лични затворени состаноци, е-пошта и лозинка на корисникот. Иако поголемиот дел од сметките им припаѓале на корисниците, некои од нив ги поседувале компаниите со големи имиња како „Чејс“ и „СитиБeнк“.

„Ние продолжуваме да истражуваме, но ги замолуваме корисниците да ги променат своите сегашни во посигурни лозинки и го разгледуваме спроведувањето на дополнителни технолошки решенија“, изјавија од Zoom за DailyMail.

Ова не е прв пат профили од „Зум“ да циркулираат на „дарк веб“, но во претходните случаи продавани биле помалку профили. Сега бројката изнесувала стотици илјади профили што претставува закана за корисниците на „Зум“. Овие профили сега можат да се употребуваат за тролање преку неповикано вклучување на нечиј приватен состанок, но и за прислушкување и кражба на идентитет. Оваа пракса добила и свое име „Зумбомбинг“.

Како последица од мерките за спречување на корона вирусот, изминатиот месец, бројот на корисници на видео услуги од Zoom порасна од 10 на 200 милиони на ден. Сепак, хакерите ја користат оваа можност за свои агенди.

Во текот на изминатите неколку недели, компании, владини организации и училишта ја забранија употребата на софтверот за видео разговор.