МВР вели оти пожарот на Богородица е изгаснат и граничниот премин е отворен

Камерата во живо на Јавното претпријатие за државни патишта на граничниот премин Богородица не е во функција

Фото: Јавно претпријатие за државни патишта

Околу два часа откако извести дека најфреквентниот граничен премин кон Грција е затворен поради пожар, Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е изгаснат а пожарот е отворен.

Сепак, камерата во живо на Јавното претпријатие за државни патишта на граничниот премин Богородица не е во функција.

„Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица, кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувна на грчка страна“, соопшти МВРО.

Оттаму додаваат оти во моментов граничниот премин функционира нормално.

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот