Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот  

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат

-

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апел до сите граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.

Фото: Јавно претпријатие за државни патишта

Пожарот избувнал пред 12 часот и гори до самиот граничен премин на излез од Грција. На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека има пет колони на возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.

Покрај пожарите кои веќе цела недела не се изгаснати кај Ново село и на планината Серта, сериозни пожари има и во близина на населените места Чашка, Долнени, Студенични, Зелениково и под Солунска глава. Ова го изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој додаде дека засега нема опасност за ниту едно населено место.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...