МВР вчера издало потврди на 714 бегалци

Министерството за внaтрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 714 странски државјани.

Според државјанството, потврди се издадени на 500 државјани на Сирија и на 214 државјани на Ирак, а нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од први јануари до вчера издадени се вкупно 85.846 вакви потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од почетокот на годината до вчера, барање за признавање на правото на азил поднеле 21 лицe.