МВР: Завршија сите потребни проверки, лажни се денешните дојави за бомби

Фото: МВР

Проверките по дојавите за бомби што денеска беа упатени до повеќе институции и објекти во Скопје, но и до Претседателот Стево Пендаровски, Министерството за внатрешни работи (МВР), до двата медиума, “Канал 5 Телевизија’ и “360 степени“, но и до едно училиште во Прилеп, се завршени и покажале дека станува збор за лажни дојави, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од таму велат дека веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности, антитерористичките тимови ги извршиле потребните проверки и било утврдено дека станува збор за лажни пријави.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во институции, училишта, хотели и згради во Скопје и едно училиште во Прилеп, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, е наведено во соопштението.

За прв пат дојави за бомби испратени до Претседателот, до МВР но и до медиуми