МТСП: Неработни денови за администрацијата и училиштата во текот на самитот на ОБСЕ

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а следниот ден, 30 ноември 2023 година (четврток), ќе биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација

Извор на фотографија: Архива на Влада на РСМ

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, во деновите на самитот на ОБСЕ во Скопје, ќе има посебно работно време за администрацијата, односно еден неработен ден и еден ден со скратено работно време.

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а следниот ден, 30 ноември 2023 година (четврток), ќе биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје.

Тој ден нема да се одработува.

Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, но не и на градинките и здравствените установи на подрачјето на градот Скопје.

Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците.

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците, се вели во соопштението од МТСП.