Меркел: Нема промена на границите на Западниот Балкан

Германската канцеларка го повтори ставот дека нејзината земја нема да дозволи промена на границите на Балканот. Во последните неколку месеци од српска и косовска страна стасуваат сè повеќе повици за размена на територии меѓу Косово и Србија.

– Територијалниот интегритет на Западниот Балкан е дефиниран и не е тема за преговори – порача германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот од Берлин по средбата со премиерот на БиХ, Денис Звиздиќ кому му вети поддршка за европската интеграција на земјата.