Македонската е-спорт федерација ќе се бори на Eвропското првенство во „Кантер страјк“

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

Македонската репрезентација во „Кантер страјк“ на 4 јуни ја започнува мисијата за одбрана на европскиот трон на Европското првенство, информираат од Македонската Еспорт федерација. Европското првенство, кое воедно претставува и регионална квалификација за Светското првенство, ќе се одвива во два дела. Првиот дел е онлајн фазата, каде што тимовите ќе се натпреваруваат во групи и вториот дел е плејоф фазата која ќе се одвива офлајн во Орадеја, Романија.

Нашата репрезентација ќе се бори за пласман во плејоф-от со репрезентациите на Холандија, Унгарија и Чешка.

Сите натпревари од групната фаза се играат во сабота на 04-ти јуни 2022. Првиот натпревар се игра против Холандија во 13:00 часот. Вториот натпревар се игра против репрезентацијата на Чешка во 15:00 часот, додека третиот натпревар се игра во 17:00 часот против екипата од Унгарија.

Натпреварите ќе бидат пренесувани на официјалниот канал на федерацијата на Твич платформата, https://twitch.tv/mesf_tv.

Македонската репрезентација во „Кантер страјк“ ја сочинуваат: Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Даниел “dan1” Глигоров и Павле “stYleEeZ” Стојановски.