fbpx

Криумчар од Велес фатен со камион полн со 44 илегални мигранти

При контролата, во камионот со велешки регистерки таблички биле откриени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници

-

Близу граничниот премин „Пелинце“ со соседна Србија, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера фатило камион „Ман“ со 44 илегални мигранти управуван од жител на Велес.

Како што објаснија од полицијата, станува збор за Д.С.(27) од Велес.

При контролата, во камионот со велешки регистерки таблички биле откриени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници.

Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИНТЕРВЈУ: Со играта „Скопје“ светот ќе ја запознае нашата бруталистичка архитектура

На радост на сите гејмери, Кристијан Трајковски, заедно со гејм дизајнерот Марко Зарев и арт директорот Симон Стојановски од студиото Dark-1 веќе четири години работат напорно на создавањето на...