Ковачевски најави поевтина струја за училиштата, болниците и малите компании

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на прес-конференција најави дека училиштата ќе имаат електрична енергија и дека јавните здравствени установи ќе имаат струја по поповолна цена од берзанската. Тој рече и дека парно за Скопјани ќе има.

„Над 70 илјади компании и други правни субјекти со промет годишен до два милиони евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската. Донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средни училишта на територија на цела држава без оглед што ова е обврската за образовниот процес е на општините. Исто така донесовме одлука со коа сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со струја преку ЕСМ продажа по поповолна цена од берзанската“, рече премиерот.

Тој потсети дека за околу две недели започнува грејната сезона.

„Парно за Скопјани ќе има. Донесена е одлука за почнување на постапката за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од Законот за енергетика на ЕСМ. Ги повикувам Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење, со што ќе се створат условите за целосно функционирање на ЕСМ со топланите. Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија“, рече тој.

Во однос на електрична енергија, тој кажа дека домаќинствата и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија. Најави дека ќе биде субвенционирана сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства.

ТЕ-ТО да ги грее скопјани со гас од Србија, а струјата да му ја продадеме на Белград