Кој е 50-годишниот пожарникар што загина при атентатот на Трамп во Пенсилванија?

Локалните жители иразија сочуство до семејството и упатија загриженост за немилиот настан „ова е ужасен, бесмислен и непотребен чин на насилство“

Фотографија од митингот на кандидатот на Републиканската партија за претседател Доналд Трамп, 13.07.2024 г. | Извор: Designism, CC0, via Wikimedia Commons

Во вооружениот напад што се случи за време на митингот на кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, беше убиен човек. Убиениот на митингот, Кори Комператоре, според последните информации, е 50-годишен пожарникар кој загина во обид да го засолни своето семејство и тогаш еден од куршумите го погодил. Покрај него биле повредени уште две лица кои сѐ уште се хоспитализирани.

Локалните жители изразија сочувство до семејството и упатија загриженост за немилиот настан: „ова е ужасен, бесмислен и непотребен чин на насилство“.

Соседите на починатиот изразија тага и поддршка за семејството, но и изрази на почит за пожарникарот кој бил семеен човек и татко не заслужил ваква смрт. Тој бил армиски резервист и многу години работел како пожарникар, а бил и началник пишува Асошиејтед прес.

Во неговиот некролог стои дека „Неговата храброст не беше гласна и бурна; тоа беше храброста на тивката издржливост, додека неговото наследство не е само во главните достигнувања, туку во малите дела на љубезност што ги правеше во неговиот секојдневен живот“.

Поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден по истрелите на почетокот на митингот во Батлер, Пенсилванија. Тој беше преплавен од агенти на сцената на митингот откако се слушнаа истрели. Тој се здоби со повреди кои не беа животозагрозувачки и сепак продолжи во спроведување на предизборната претседателска кампања.