Изменето обвинението против Трамп за поткопување на изборите

Промените во обвинението се обидуваат да ја заобиколат неодамнешната контроверзна одлука на Врховниот суд, со која им се дава многу поширок имунитет на поранешни американски претседатели

-

Обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во врска со неговото поткопување на претседателските избори во 2020 година, претрпеа промени, пренесува Би-би-си.

Суштината на обвинението останува во голема мера исто. Промените во него се обид да се заобиколи неодамнешната контроверзна одлука на Врховниот суд, со која им се дава многу поширок имунитет на поранешни американски претседатели. Трамп постави три од деветте члена на Врховниот суд за време на неговиот мандат, со што се смета дека тој сега има конзервативно мнозинство.

Во ревидираното обвинение, поднесено од специјалниот советник во Министерството за правда Џек Смит, задржани се четирите злосторства за кои Трамп е обвинет: заговор за делeгитимизирање на САД, заговор за попречување на официјална постапка, обид за попречување на официјална постапка и заговор против права. Но, сега овие обвиненија се однесуваат на статусот на Трамп како политички кандидат, наместо како претседател во функција.

Трамп негира дека вршел притисок врз официјални лица да ги поништат резултатите, или дека ширел лаги за наводните изборни нерегуларности. Тој исто негира дека ги искористил немири во американскиот Капитол за да го одложи официјалното назначување на Бајден како претседател.

Сепак, се чини оти овој случај, како и останатите кривични случаи против Трамп, нема да стигнат до суд пред изборите на 5 ноември.

САД, Европа и Русија не тестираат нуклеарно оружје од 1996 година

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на...