„Книга во секој дом“: Претставување на поетскиот опус на Славе Ѓорѓо Димовски

На современиот македонски автор Славе Ѓорѓо Димовски, в петок, 6 февруари, со почеток во 19 часот, во книжарницата „Матица“ ќе му биде промовирано најновото дело „Ткаења“, во рамките на проектот „Книга во секој дом“.

За поетскиот опус на Димоски, со кој се одбележуваат два јубилеи, 55 години од раѓањето на авторот и 35 години од објавувањето на првата поетска книга, ќе говори Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Оваа недела, исто така, ќе бидат претставени нови дела на Панде Манојлов, Јован Дамјановски, Коле Манев и на Трајче Кацаров.