Израелските одбранбени сили спасиле четворица заложници при воена операција во Газа

Израелските одбранбени сили соопштија дека сите ослободени заложници се во добра здравствена состојба

Фото: / IDF Spokesperson's Unit

Четворица заложници киднапирани од Хамас се обединети со нивните семејства откако беа спасени при вчерашна рација на израелските сили, пишува Би-би-си.

Ноа Аргамани (26), Алмог Меир Јан (22), Андреј Козлов (27) и Шломи Жив (41) беа ослободени осум месеци откако беа киднапирирани.

Израелските сили кажувата дека воделе интензивни вооружени борби со Хамас во областа Нусејрат и ја нарекуваат мисијата високоризична и сложена.

Палестинските власти велат дека при воениот напад имало голем број жртви.

Две болници во Газа, болницата Ал-Акса и болницата Ал-Авда, соопштија дека изброиле 70 тела меѓу нив, додека владината медиумска канцеларија на Хамас соопшти дека најмалку 210 луѓе биле убиени во израелските напади во и околу бегалскиот камп Ал-Нусеират.

Израел проценува дека има помалку од 100 жртви.

Сликите од областа покажуваат интензивно бомбардирање, а тамошните болници велат дека се преплавени со жртви, вклучително и деца, и тврдат дека не се во можност да ги лекуваат сите.

Израелските одбранбени сили соопштија дека сите ослободени заложници се во добра здравствена состојба, а подоцна биле сликани како прегрнуваат членови на семејството во медицинскиот центар во близина на Тел Авив.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги пофали израелските сили за херојското дејствување.

„Нема да се откажеме додека не ја завршиме мисијата и не ги вратиме дома сите заложници – и живите и мртвите“, додаде тој.