Издадени 1.590 потврди на странски државјани

Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.590 странски државјани, од кои 860 се од машки пол, 283 се од женски, 310 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а уште 137 се деца што патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија – 818, од Авганистан – 328,  Ирак – 186, додека од другите земји се во помал број.