Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник 2 Август, помилува 43 лица. Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“.

Со одлуката, 43 помилувани лица, сите македонски државјани, делумно се ослободуваат од издржување на затворската казна. Скратувањето на казните на помилуваните лица се движи од три до осум месеци.

Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на членот 84, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија и во согласност со членот 1 од Законот за помилување.