Исламска држава им ги намалила платите на борците до 50 проценти

Исламска држава била принудена да им ги намали платите на своите борци и до 50 проценти, бидејќи со воздушните удари предводени од САД, значително биле намалени приходите што џихадистите ги оставриле при продажба на нафта.

Ова денеска на прес-конференција во Лондон го изјавил портпаролот на американскиот сектор против финансирање терористички активности, Данијел Глејзер.

Бомбардирањето ја ослабело способноста на исламистите да извлекуваат, преработуваат и да превезуваат нафта од територијата што ја контролираат во Ирак и во Сирија.

– Кога ќе ја погледнете ситуацијата, ние знаеме дека исламистите се соочуваат со тешкотии кога станува збор за превоз и за извлекување на нафтата и мислиме дека не се во состојба да заработуваат пари како што порано тоа го правеле – изјави Глејзер.