Индустриското производство со пораст од 8,8 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите три месеци од годината е со пораст од 8,8 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Во март пак, има зголемување од 7,5 проценти во однос на истиот месец лани.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во март бележи пораст од 10,8 проценти во однос на истиот месец лани, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 8,8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 4,6 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13,3 проценти и капитални производи за 20,2 проценти.