Играта „Chivalry II“ е бесплатна на Epic Games до четврток

Може да се каже дека оваа игра е најблиску до комбинацијата од двете познати игри - „Mount and Blade“ серијалот на игри и најдобрата игра базирана на дуели, „For Honor“

Играта Chivalry II е бесплатна за преземање на Epic Games до четврток, 6 јуни до 17 часот попладне. Се работи за „фантазиски симулатор на средновековна битка” и се игра во прво лице, како на FPS игри. Играта е главно наменета за возрасни играчи, со низа предупредувања за експлицитноста на истата. Секако, и ова е RPG игра која има голе број корисници во последниве неколку дена.

Погледнете го трејлерот за играта:

Може да се каже дека оваа игра е најблиску до комбинацијата од двете познати игри – „Mount and Blade“ серијалот на игри и најдобрата игра базирана на дуели, „For Honor“. Секако, има сличности и со други познати игри. Има ефект на хаотично бојно поле, слично како во „Dynasty Warriors“ серијалот, но од пореалистична перспектива. 

Секако потсетува и на „Elder Scrolls“ игрите, посебно на „Skyrim“ и „Oblivion“, со таа разлика што во „Chivalry 2“ не можете да играте од „трето лице”, што, пак, што е многу користена опција во „Elder Scrolls“ серијалот.

Играта „Chivalry 2“ нуди многу опции за „free roam“, кои се карактеристични за повеќето RPG игри. Приказната е фантазија, односно еден вид „алтернативна историја”, со константна брутална акција. Со оглед на тоа дека има голем степен на игривост, ако барате игра што нуди инстант забава без премногу пречки до директниот „гејмплеј”, тогаш ова е вистинската игра за вас.  

Во редовна продажба „Chivalry 2“ чини 36 евра, но сега може да ја симнете бесплатно