Хуманитарна акција за седумчлено семејство од Велес

Хуманите луѓе можат да ги донесат своите донации во продавницата на Биокосмос-Велес
Хуманите луѓе можат да ги донесат своите донации во продавницата на Биокосмос-Велес

Добротворна акција за собирање донации за седумчленото семејство Давчевски од Велес, на кое во пожар целосно му изгоре куќата, организира Здружението на граѓани „Уметност на живеење Македонија“.

Хуманите луѓе можат да ги донесат своите донации во продавницата на „Биокосмос-Велес“, спроти гимназијата, в сабота, 8 ноември, од 8 до 21 часот.