Хојт Ји денеска со Иванов, Џафери, Груевски, Заев и со невладините

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји, кој од вчера престојува во Македонија, денеска, како што е предвидено, треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

Потоа Ји ќе разговара и со претставници од граѓанскиот сектор.

Високиот дипломат на САД вчера имаше средби со лидерите на ДУИ, Беса, Алијанса за Албанците и на ДПА. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со Хојт Ји порача дека новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, ја има поддршката на меѓународниот фактор и дека таа реалност треба да ја прифати и ВМРО-ДПМНЕ.