Годинава „Поетска ноќ во Велестово“ посветена на творештвото на Санде Стојчевски

Од утре до 18 јули, ќе се одржи 28. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, која се одржува со поддршка на Општина Охрид, а ќе почне со портрет на поетот Санде Стојчевски, за чие творештво ќе беседи Зоран Анчевски, додека стихови ќе читаат актери од независната аматерска театарска група „Аматер“. Музиката е на Петар Кочовски.

В сабота, на 16 јули, ќе се одржи „Вечер на ирската поезија“ на која ќе настапат поетите Патрик Котер, Џери Марфи, Били Рамзел и Алва Ни Гиарвуи, а ќе биде промовирана и антологија на ирската поезија во која се претставени 11 поети.

Традиционалната изложба, во тремот на црквата „Успение на Св.Богородица“ во Велестово, годинава е со дела на Стефан Хаџи-Николов.

Манифестацијата завршува на 18 јули со поетско пладне во библиотеката „Григор Прличев“, на кое стихови ќе говорат ирски и македонски поети.