fbpx
Таг: поети

таг: поети

Почнува третото издание на Скопскиот поетски фестивал

Со поетското читање под наслов „Воздух. Ветер. Дишење.“ вечерва во 20 часот во киното „Фросина“, официјално започнува третиот Скопски поетски фестивал. На отворањето ќе настапат Санде Стојчевски, Лулзим Хазири, Моника Стојановска, Перица Сарџоски, Игор Трпчески, Николина Андова-Шопова, Дарија Јовановска, Драгослав Дедовиќ (Србија), Лана Деркач (Хрватска), Ален Брлек (Хрватска), Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта) и Мартин Глаз Серуп (Данска). Читањето...

Со поетско читање од 18 странски поети завршија „Струшките вечери на поезијата“

Со поетско читање во Даут пашиниот амам на кое учествуваа 18 поети од странство, вчера официјално заврши годинешното 61. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшките вечери на поезијата“ „Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе песната „Да посадиш дрво“, англискиот...

Објавена програмата за второто издание на Скопски поетски фестивал

Второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ започнува на 29 август и истиот годинава ќе се одржува на две локации, во Младинскиот културен центар (МКЦ) ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања предвидени во програмата ќе учествуваат дваесетина поети од земјава и од странство. Од организацијата информираат дека неофицијално програмата ќе започне со настанот за млади поети и поетеси  -...

„Струшките вечери на поезијата“ годинава ќе се одржат под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“

Под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“ со повеќе од 25 странски и домашни поети и оваа година поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) од 25 до 29 август ќе се одржува на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Претпладневната програма со препознатливите програмски содржини, како што се вели во соопштението, е предвидена да се одвива...

„Новите деца во градот“ – денеска во „Буква“ прва поетска средба на млади поети

Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска со почеток од 20:30 часот ќе се случи првата поетска епизода насловена како „Новите деца во градот“. Станува збор за нов концепт на поетски средби на млади, во обид да се збогати културната содржина на Скопје и да се чита убава поезија. Своја поезија ќе прочитаат поетите Павлина Атанасова, Марија Велинова, Благица Трајкоска, Ива Петреска, Софија...

Во тек е меѓународниот конкурс за поезија „Антево Слово“ во Сицилија, Италија

Остануваат уште десет дена до завршувањето на петтиот меѓународен конкурс за поезија во Сицилија, „Антево Слово“ 2021/2022, кој е отворен за сите македонски поети што ќе испратат своја необјавена песна. Конкурсот како и наградата „Антево слово“ се дел од големата меѓународна поетска манифестација, „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) како резултат на...

Единаесетто издание на „100.000 поети за промена“ во Струмица вечерва

Струмица повторно ќе биде домаќин вечерва на поетската манифестација „100.000 поети за промена“. Настанот го организираат глобалното движење „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“. Ова е 11. издание на поетската манифестација. По претходно распишаните конкурси за поезија и плакат, ова издание на манифестацијата ќе се реализира на две локации. Во НУЦК „Антон Панов“ (камерна сцена) со...

Повик за учество на фестивал до млади артисти од областа на визуелни уметности, музика и поезија

Он-лајн Интернационалниот Алтернативен Фестивал “Театарски Европски Алтернативи” – STURM UND DRANG објавува јавен повик за програмата НОВ БРАН (New Wave) која ќе биде дел од програмата на првото издание на Фестивалот кој ќе се одржува од 17.09. до 23.09. 2021 година, информираат организаторите. Покрај Интернационалната и Студентската програма, во рамките на Фестивалот, секоја година ќе се претставуваат уметници од земјата...

Младата поетеса Ива Дамјановски добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“

Младата поетеса Ива Дамјановски за книгата „Двоумење“, која што е во издание на ПНВ Публикации, е годинашен добитник на најпрестижната поетска награда „Браќа Миладиновци“, што Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобро поетско издание меѓу два фестивала, информираат од поетската манифестација. Во најтесниот избор за наградата влегоа пет македонски автори, а одлуката ја донесе жири комисијата во состав: Ангелина...

Македонската поетска реч презентирана во Софија

Поезија од вкупно 16 македонски автори, беше презентирана во Галеријата на Столичната библиотека во Софија, а во исто време уште и во 12 други бугарски градови, во рамките на шестата „Европска ноќ на литературата“. Љубителите на поетската реч можеа да ги слушаат стиховите на Славе Ѓорго Димоски, Ристо Јачев, Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Анте Поповски, Радован Павловски, Лилјана Дирјан, Никола...

Книжевно пладне посветено на руските поетеси Ахматова и Цветаева

По повод 21 март, Светскиот ден на поезијата, библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид и почесниот конзулат на Руската Федерација, во Охрид, денеска организираа книжевно пладне. Пред љубителите на поетскиот збор, беше претставен избор од творештвото на руските поетеси Ана Ахматова (1889-1966) и Марина Цветаева (1892-1941). За нивниот живот и творештво говореше Елена Обухова, додека стихови интерпретираа Тоде Илиевски и Маја Мојсова.

Тројца македонски поети претставени во Солун

Македонската современа поезија и литературни автори беа претставени на поетската вечер „Живите гласови на Медитеранот“ во Францускиот институт во Солун. Бројната грчка и странска публика ги слушна стиховите и поетските мисли на истакнатите македонски автори Владимир Мартиновски, Николина Андова-Шопова и Ѓоко Здравески. Поетската вечер се одржа по повод Месецот на Франкофонијата, настан на кој Македонија со помош на Генералниот конзулат...

Почнуваат „Струшките вечери на поезијата“

„Струшките вечери на поезијата“ ќе почнат вечерва на платото пред Домот на поезијата во Струга, во 20.30 часот. На годишната поетска манифестација во Струга ќе учествуваат 32 поети од 30 земји, меѓу кои Франција, Италија, Кина, Мексико, Израел, Австралија, Хрватска, Бугарија и други. 55. издание на „Струшките вечери на поезијата“ ќе трае до 28 август, а поетски читања ќе има и...

Годинава „Поетска ноќ во Велестово“ посветена на творештвото на Санде Стојчевски

Од утре до 18 јули, ќе се одржи 28. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, која се одржува со поддршка на Општина Охрид, а ќе почне со портрет на поетот Санде Стојчевски, за чие творештво ќе беседи Зоран Анчевски, додека стихови ќе читаат актери од независната аматерска театарска група „Аматер“. Музиката е на Петар Кочовски. В сабота, на 16 јули,...

Јубилејни десетти „Лесновски ѕвона“ во Кратово

Во Кратово се одржа јубилејната, десетта по ред, поетска манифестација „Лесновските ѕвона“, посветена на прерано починатиот автор Чедо Јакимовски, еден од најзначајните македонски поети во 20 век. На манифестацијата учествуваа дваесетина македонски поети. Беседа за Јакимовски одржа неговиот колега Ристо Лазаров, кој го вброи меѓу великаните на македонската поезија, редок творец опседнат со совршенството на песната. Сеќавања за еден дел од животот на...

Македонска поезија објавена во српското книжевно списание „Брничево“

Во најновиот број на списанието за книжевност „Браничево“ од Пожаревац, Република Србија, се објавени одбрани песни од македонските поети Ристо Ѓ. Јачев, Христо Петрески, Петко Шипинкаровски, Славица Г. Свидерски, Весна Мундишевска-Велјановска, Зоран Пејковски, Маја Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Марина Мијаковска. Најновата презентација на македонските поети надвор од Македонија е уште една потврда на активноста и на заложбите на редакцијата...

Заврши третото издание на поетскиот фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

Викендов Гостивар беше домаќин на поети од различни генерации, од кои дел веќе афирмирани поетски пера, а дел автори чие време допрва доаѓа, а во рамките на третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. Во саботата вечерта поетите финалисти ги прочитаа своите стихови, а наградите беа доделени на свеченост во недела. Годинава Гран при наградата ја освои Слаѓана...

Викендов се одржува Меѓународен поетски фестивал во Гостивар

Претстојниот викенд во Гостивар ќе се одржи третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. На отворањето на фестивалот, во сабота (21 мај) ќе се претстават поетите финалисти избрани од жири комисијата на чело со претседателот Бранко Цветкоски. Наградите ќе бидат доделени во недела (22 мај) на свечена манифестација. Четиринаесетте финалисти беа избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и...

Поезија од македонски автори објавена во романско книжевно списание

Одбрани песни од поетите Мишо Китаноски, Петко Шипинкаровски и Димо Димчев објавени се, во печатена и во електронска верзија, во најновиот број, за март и за април, на книжевното списание „Хелис“ во Романија. Преводот на стиховите на романски го направи македонскиот поет Димо Н. Димчев, а списанието го уредува угледниот романски поет Ѓеорѓи Добре. Објавувањето на творештвото на македонските поети книжевното списание „Хелис“...

Во вторник почнува Зимскиот поетски фестивал во Скопје

Во организација на „Струшките вечери на поезијата“, од вторник до 11 декември во Скопје ќе се одржи првиот „Зимски поетски фестивал“, на кој ќе учествуваат четворица врвни поети од земјава и од странство, пишува порталот „Лидер“. Според директорот, Мите Стефоски, овој фестивал е дел од промените за проширување на функционирањето на институцијата, за во зимскиот период да овозможи интензивна активност на...

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...