Гејмерката „MissMikkaa“ ги заврши „Елден Ринг“ и експанзијата користејќи само подлога за танцување

Таа ги заврши „Елден Ринг“ и експанзијата користејќи само „dancepad" - подлога за танцување, наместо џојстик или тастатура и маус

MISSMIKKA _скриншот од IGN
MISSMIKKA - скриншот од IGN

Гејмерката MissMikkaa, која е активна стримерка на Twitch, а нејзините снимки ги има и на YouTube, ги заврши „Елден Ринг“ и експанзијата користејќи само „dancepad” – подлога за танцување, наместо џојстик или тастатура и маус. Ова е подвиг што сам по себе зборува за тоа колку добро „Мис Мика” знае да ја игра „Елден Ринг“. Особено затоа што играта воопшто не е лесна ниту со најдобарриот контролер, а камо ли вака.

Нејзиното вртење на експанзијата беше неодамна пренесувано во живо на Twitch.

Ова, пак, е претходна снимка од нејзиното играње на Елден Ринг – во двете смисли на зборот „игра“ (поради „dancepad“-от за танцување) и тоа без ниту еднаш да загине во играта: 

Како играч, „Мис Мика“ е неверојатна и игра секакви игри на инвентивни начини – на пример, само со една рака завршува цели игри и брзо ги извежбува без воопшто да губи време. Сепак, се работи за природен талент за гејминг што руши шовинистички стереотипи за жените. 

„MissMikkaa“ е голема инспирација за сите гејмерки ширум светот и за сите гејмери воопшто. Таа работи напорно на ова поле, откривајќи несекојдневни детали како „Easter eggs” и тајни скриени референци во секој нареден стрим – кои, за да ги дознае и пренесе, очигледно треба многу читање и гледање видеа, но и голема посвестеност и труд. Ова е доказ дека гејмингот веќе е сериозна професија чиј потенцијал само ќе расте глобално.