Фатмир Бесими ќе го посети мигрантскиот камп „Винојуг“ во Гевгелија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, во рамките на својата улога на координатор за странска помош, денеска ќе оствари теренска посета во однос на донаторската координација за мигрантите во мигрантскиот камп „Винојуг“, Гевгелија.

Предвиден е состанок со високи претставници на меѓународните организации што дејствуваат на тоа поле.

Целта на состанокот и на посетата е овозможување информации од прва рака за потребите од помош и за нејзиното испорачување.