Елвин Вели избран за претседател на Здружението на јавните обвинители

Фото: Ванчо Џамбаски (CC-BY)

На изборното собрание на Здружението на јавни обвинители на РСМ, избрани се новите органи и новиот претседател на Здружението, се вели во официјалното соопштение.

Во наредниот период, со здружението ќе раководи Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Тој првин беше избран во новиот Извршен одбор, којшто потоа ги избра новите носители на раководните функции на Здружението.

Освен него, Спасенка Андонова и Ирина Трајкоска – Стрезоски беа избрани за потпретседатели, а Ана Гоговска – Јакимовска за секретар на Здружението. За благајник е определена Катерина Панева.