Еден загинат во земјотресот во Индонезија

Едно лице загина, 22 беа повредени во земјотресот со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди источниот индонезиски остров Буру.

Како што јавуваат локалните медиуми, од потресот сериозно се оштетени најмалку 60 куќи, додека повеќе од 170 куќи се полесно оштетени.