Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика (ДЗС) нема да ги отпочне пописните активности на терен, информираат од ДЗС.

„Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време“, се наведува во нивното соопштение.

Во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, ДЗС уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување.

Од ДЗС велат дека за сите активности што следуваат, навремено ќе ја информираат јавноста.