Договорен прекин на огнот во Украина

Целосен прекин на огнот на линијата на контакт од 5 декември и повлекување на тешкото вооружување од 6 декември, договорија претставници на украинската армија и на самопрогласената Луганска народна република, соопштија од ОБСЕ.

Преговорите од украинска страна ги предводеше генерал полковник Аскаров, а освен претставници на Луганска народна република, во нив учествуваше и рускиот претставник во Југоисточна Украина, генерал полковник Ленцов.

Претставници на Луганска народна република истакнаа дека под нивна контрола се и сите козачки единици и оти и тие ќе се придржуваат на договорот.