ДИК на седница ќе ги разгледува листите на кандидатите за пратеници

Државната изборна комисија денеска на седница ќе ги разгледува и ќе ги потврди листите за кандидати за пратеници што ги доставија партиите.

До синоќа на полноќ, кога истече рокот, листи на кандидати за пратеници до ДИК доставија ВМРО-ДПМНЕ, Народно движење за Македонија (НДМ) и Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ).

Листи не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА.

По добивањето на листите, ДИК има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.