Денеска претежно облачно, со сончеви периоди

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со сончеви периоди, а во одделни котлини и речни долни ќе има појава на слаба магла. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи од 15 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно, со сончеви периоди. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 21 Целзиусов степен.