Денеска почнува главното дефиле на маски во Вевчани

Денеска во Вевчани почнува главното дефиле на маски. Се очекува низ главната улица во Вевчани да продефилираат повеќе маски, инспирирани од разни случувања во општествено-политичкиот живот во земјата, но и пошироко.

Светски познатата телевизиска куќа „Би-Би-Си“ ќе сними документарец за оваа оригинална манифестација што ги отсликува старите традиции на Вевчанци.

Манифестацијата ќе ја посети и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која претходно во центарот на Вевчани, заедно со градоначалникот Цветомир Угриновски, ќе го пушти во употреба монтажниот објект наменет за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал.