Денеска 674 нови случаи на ковид-19, починале 21 лице

Фото: CDC on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени се 3.156 тестови, при што регистрирани се 674 нови случаи на ковид-19. Најголем број на случаи се регистрирани во Скопје – 352, Битола – 44 и Велес – 33. Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (674), регистрирани се 98 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (55г, 66г, 74г, 74г и 78г), 2 починати лица од Тетово (69г и 78г) и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (88г), Струга (75г), Битола (85г) и Кочани (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1), и Пробиштип (1). Починатите лица се на возраст од 48 до 92 година и се пријавени во период од 31.01. до 20.02.2022 година. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 978 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.449.