ЦУК: Во последното деноноќие 2.113 повици на 112 и 10 пожари на отворено

Во последното деноноќие имало вкупно 2.113 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и се регистрирани 10 пожари на отворено. 

Фото: Архива, Пожарна - Пробиштип

Во последното деноноќие имало вкупно 2.113 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и се регистрирани 10 пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, во изминатото деноноќие имале пет помали интервенции за гаснење запалено ѓубриште и отпаден материјал во село Арачиново. Во сите случаи  интервенирале со едно ПП возило и три пожарникари.

Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 10.00 до 12.00 часот со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Песочани (Општина Охрид).

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во изминатото деноноќие имало една помала противпожарна интервенција.

Регионалниот ЦУК Велес информира дека пожарникарите од ТППЕ Велес од 12.00 до 16.30 часот гаснеле шумски пожар на нискостеблеста деградирана шума во атарот на село  Горно Врановци, при што интервенирале четири вработени од ЈП „Национални Шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес. Изгорена била површина од околу 8 хектари (Општина Чашка).

Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Берово од 12.10 до 14.00 часот со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле ниска вегетација во атарот на село Митрашинци (Општина Берово).

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка, во период од 11.45 до 13.15 часот со три пожарникари и едно ПП возило, гаснеле запалена дабова шума и ниска вегетација во село Конопница.

Пожарникарите паралелно со пожарите на отворено гаснеле и пожари во населени места, на територија на целата држава, посочуваат од ЦУК и апелираат да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.