Целодневна виртуелна конференција Women in Tech, македонскиот панел ќе се одржи попладнево

Глобалното движење Women in Tech денеска е домаќин на втората 24-часовна виртуелна конференција во светот за жени во технологија. Како што информираат организаторите, македонскиот панел на овој глобален настан ќе се одржи од 19 до 20 часот. Земјава ќе се претстави со панел дискусија на тема за дизајнирање на добри продукти со женски инпут: “Designing great products with female flavour”.

Модератор на настанот во живо ќе биде Стефан Митески, додека гости панелисти ќе бидат Катерина Трајчевска – Ко-Основач на Adeva, Горица Тапанџиева – Продукт Менаџер на Nexthing, Елена Андреева – UI Дизајнер во TeamViewer и Моника Ризовска – Проект менаџер во Vitala и Women in Tech Амбасадор. Специјален гостин на овој настан ќе биде Коста Петров, Претседател на ФИТР и долгодишен претприемач.

Инаку, овогодинешната целодневна виртуелна конференција е со тема „Дигитална еднаквост за сите“ и ќе започне во 13 часот во Париз (СЕТ). Настанот ќе продолжи со програми без прекин 24 часа во живо на различни локации низ целиот свет.

„За време на Виртуелната светска турнеја „Women in Tech 24hour“ ќе се вклучат голем број на меѓународни лидери и лидерки кои застапуваат индустрии од АИ до Blockchain, FemTech, Климатски промени, HealthTech, и инклузивност. На овој настан ќе презентираат над 150 говорници: светски лидери од индустријата, владата, академскиот сектор и непрофитниот сектор, заедно на над 30 панели во живо, key-note говори, интимни разговори и работилници, за време на 24-часовeн нон-стоп пренос“, информираат организаторите.

Заинтересираните лица кои сакаат да ги следат сите дискусии, треба да се регистрираат: https://lnkd.in/dDNAnrp. За учество на македонскиот панел од 19 часот потребно е да се регистрираат тука.

Со над 25.000 членови низ целиот свет, меѓународната организација Women in Tech меѓународната организација има двојна мисија: да го затвори родовиот јаз и да им помогне на жените да ја прифатат технологијата. Родовата еднаквост е во центарот на нашата мисија, каде имаме за цел да ги зајакнеме жените и девојчињата со потребните вештини и самодоверба за да успеат во полињата на СТЕМ кариера. Преку мисијата водена од целите, водена од перформансите, која е тесно усогласена со целите на одржливиот развој на Обединетите нации, ова движење се фокусира на извршување на нашата стратегија со поттикнување на напредок и резултати на четири главни столба: Образование, претприемништво, социјална инклузија, наука и иновација. Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од Women In Tech, може да приклучат кон заедницата тука.