fbpx

Проверка на факти

Вистиномер: Во Украина не се уништуваат „глобалфашисти“, туку се убива цивилно население и деца

Наспроти бесмисленото тврдење во постот дека „руската војска ги уништува глобалфашистите и нивните послушници“, во војната во Украина што ја започна Русија на 24 февруари, страдаат војници, но и невино цивилно население, а меѓу нив и голем број деца. Според украинските власти досега (02.03.2022)...

Порталб: Баба Ванѓа не е веродостоен извор за написи што го величаат ликот на Путин

Не е професионално да се објавуваат статии кои будат емоции кај читателите, особено во вонредни ситуации, а пак нивниот единствен извор е некој кој тврди дека ја предвидува иднината. Веста што ја рецензираме објавува едно „пророштво“ на Баба Ванѓа како завршена работа и тоа...

Вистиномер: Бајден не вели дека ,,излезот е Трета светска војна”

Американскиот претседател, Џо Бајден, во интервјуто се осврнува на санкциите кои што САД и ги наметна на Русија, а кои, според Бајден, се неопходни за да нема Трета светска војна. Вака пренесената порака е сосема поинаква од онаа во насловот од текстот кој го...

Вистиномер: Постара фотографија од верски обред на отворено во Украина се споделува сред руската инвазија

Фотографијата објавена во овој напис што се споделува на Фејсбук, а на која украински христијани се молат на отворено, на снег, за својата земја, е стара речиси три години и датира од 2019, а не од 22 февруари 2022 година, како што се тврди...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува дека МНР не прави ништо за да ги извлече македонските граѓани од Украина

Досега се извлечени 50 македонски граѓани откако почна руската инвазија врз Украина, од вкупно 100 колку што живеат на оваа територија. На 24 февруари, кога и официјално почнаа руските напади, министерот Бујар Османи упати апел до сите македонски граѓани да се обратат за помош...

Вистиномер: Во Бугарија веќе 17 години има македонски културно-информативен центар

Во Софија веќе постои културно-информативен центар на Република Северна Македонија, кој официјално е отворен на 27 април 2005 година. Истовремено, отворен е и културно-информативен центар на Бугарија во земјава, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објавена е вест на веб-портал од информативен карактер, која...

Вистиномер: Комисија за заштита од дискриминација – многу работа, малку пари и лоши услови за работа

Потребата за формирање Комисија за спречување и заштита од дискриминација со години наназад беше посочувана како неопходност во извештаите на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија како дел од поглавјето 23. Членовите на комисијата беа избрани лани во јануари, но тие се...

Кулеба: Русија користи дезинформации и сајбер напади за дестабилизација на Украина

Пред повеќе од двесте новинари од светот, украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, одржа прес конференција, со цел, како што рече, да одговори на три прашања: Како дојде до ескалацијата со Русија, што се случува сега и што може да се направи, извести...

Вистиномер: 3Д анимација претставена како вистинска снимка од рускиот напад врз Украина

Видеото не е вистинско, туку станува збор за 3Д анимација и истото е споделено на Инстаграм во октомври 2021 година, четири месеци пред руската инвазија. Авторот на видеото има над 90 илјади претплатници на Јутјуб, а за странски проверувачи изјавил дека не станува збор за...

Вистиномер: „Веселиот“ руски војник се снимал во 2015, а не во 2022 година

Видеото од овој војник падобранец кое има над 20 милиони прегледи на социјалната мрежа „Тик Ток“, не е снимено годинава, при руската инвазија над Украина. Репортерот на „Ен-Би-Си Њуз“, Бен Колинс, кој се занимава со разоткривање дезинформации, пишува дека ова видео е старо. Истото во...

Вистиномер: Не е точно дека Турција има неутрален став за војната во Украина

Наспроти тврдењето на претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев дека Турција има неутрален став во однос на војната во Украина, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кажа дека неговата земја ја поддржува борбата на Украина за заштита на нејзиниот територијален интегритет. Министерството за надворешни...

Над 2.000 руски научници во отворено писмо протестираат поради инвазијата на Русија во Украина

Започнатите воени дејствија, според руската интелектуална јавност, води кон меѓународна изолација на Русија, нешто што ќе ѝ наштети на државата директно, бидејќи „научното истражување е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји, а изолацијата на Русија од светот значи натамошна културна и...

Порталб: Сѐ уште нема лек за дијабетес што ќе ве излекува за еден ден

Не е точно дека дијабетесот може да се излечи за еден ден, сите „рецепти“ што ги објавуваат некои медиуми се непроверени и читателите треба да се консултираат со лекар доколку одлучат да ги користат. Досега здравствените установи во земјата но и меѓународните не прогласиле...

Вистиномер: ,,Ексклузивното видео” во овој пост не е од руски авион, туку е 10 години стара снимка од Либија

Станува збор за видео кое што Асошиејтед Прес го има објавено на својот Јутјуб канал уште на 19 март 2011 година, а потекнува од Бенгази, Либија. Насловот на тоа видео е „Авион соборен од либиски бунтовници“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Вистиномер: Видеото од руски војници кои со падобрани се спуштаат над Харков е старо најмалку 8 години

Видеото не е ново и не прикажува руски падобранци кои се спуштаат над Харков. Видеото може да се најде на Јутјуб, објавено во 2018 година, како снимка од воена вежба во Восток, а истото го има и на Фејсбук, споделено на страницата „Made in...

Вистиномер: Ова видео не е од руската инвазија на Украина, туку е старо две години

Како што пишува „Ројтерс“, видеото е лажно поврзано со кризата во Украина и е дел од руско шоу со авиони од 2020 година, анализира „Вистиномер“. Текстот во кој се разобличува наведената дезинформација го пренесуваме во целост подолу: Руската инвазија во Украина предизвика лавина од видеоматеријали на...

Вистиномер: Зеленски не им дал наредба на украинските војници ,,да уништат сè што ќе им дојде на нишан”

Дел од насловите во медиумите каде што се тврди дека украинскиот претседател Зеленски изјавил „уништете сè што ќе ви дојде на нишан“ се неточни, односно тоа е нешто што Зеленски го нема изјавено во својот говор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Вистиномер: Путин воопшто не ги спомна Пендаровски и Вучиќ во својот говор

„Вистиномер“ го прегледа говорот на рускиот претседател, Владимир Путин од 24.02.2022 г., објавен на официјалната страница на Кремљ, и во него тој во никаков контекст не ги спомнува македонскиот и српскиот претседател. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Текст насловен: „Путин ги предупреди Пендаровски Вучиќ и балканските...

Вистиномер: Авиони на македонската авијација не прелетувале над руската амбасада во Скопје

Mакедонската авијација воопшто, во своите редови, не поседува авиони кои се во возна состојба, за да можат да прават прелети. На официјалната страница на Армијата пишува дека „во состав на единицата има два воздухоплова од типот Ан-2 и Злин 143Л кои моментално се неоперативни,...

Контраспин: Јакимовски спинува кога вели дека војната меѓу Русија и Украина е поради украинскиот претседател „комичар“

Причините за војната меѓу Русија и Украина, која започна со инвазија и широк воен напад на руската армија врз територијата на целата земја се повеќеслојни и сложени, а изјавите на Стевче Јакимовски, лидер на парламентарна партија дека тоа се должи на Украина на нивниот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...