fbpx

Проверка на факти

Вистиномер: Не е точно дека за целосно вакцинирани во земјава се сметаат само граѓаните со примена трета доза вакцина

За целосно вакцинирани лица се сметаат граѓаните кои примиле две дози вакцини, а по втората доза поминале најмалку 14 дена, а не оние кои примиле трета (бустер) доза, за што впрочем говорат и извештаите на Институтот за јавно здравје и на Министерството за здравство,...

Зилбеари: Дезинформациите ја подриваат демократијата преку создавање хаос каде никој ништо не верува

ЦИВИЛ - Центарот за слобода вчера ​​организираше виртуелна дебата за нередот во информациите, дезинформациите и пропагандата, на која учествуваа Елида Зилбеари од Порталб.мк, професорката Весна Поповска и Тони Ангеловски од МВР. На дебатата беше речено дека дезинформациите предизвикуваат хаос или неред во информациите, и...

Вистиномер: Не е вистина дека не постои ковид, туку само ,,антиковид отровни лекарства”

Kовид-19 постои и е изолиран во лабораторија во официјална постапка. На 7 јануари 2020 година, Кина го изолира вирусот и го идентификуваше како коронавирус, а од 13 јануари ја сподели геномската секвенца со СЗО. СЗО има објавено и водич за детално користење на сите...

Контраспин: За мобилните телефони на прaтениците, сепак ќе се брцне во џебот на граѓаните

Средствата коишто Собранието ги троши за сите свои потреби, ги покрива буџетот на државата којшто се полни од даноците кои ги плаќаат граѓаните. Службените телефони на пратениците и на собраниската служба, но и сите нивни месечни плати и останати примања, се покриваат со јавни финансии кои...

БиБиСи со проверка на фактите во обраќањето на Владимир Путин

Тимот на проверувачи на факти „Reality Check“ на британскиот државен радиодифузер Би-Би-Си го анализираше долгото полноќно обраќање на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, откако нареди руски војници да влезат во двата бунтовни региони во источна Украина, во Донецката и во Луганската област, а...

ГЛОБСЕК: Северна Македонија има прозападни амбиции, но е ранлива на влијанија од Кремљ и Пекинг

Индексот на ранливост на ГЛОБСЕК ја анализира ранливоста на осум земји од Централна Европа и Западен Балкан (Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка) кон странско малигно влијание во 5 димензии: јавни ставови, политички пејсаж, јавна администрација, информативен пејзаж и граѓански...

Вистиномер: Ковачевски не кажал дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ отстапи место на Македонија

Во оригиналната објава јасно стои дека станува збор за сатирична вест, а од Владата потврдија дека премиерот никогаш не дал изјава дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ направи место на С. Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост...

Вистиномер: Во судовите нема технички услови за целосна примена на Законот за употреба на јазиците

Една судска сала во Основниот суд Тетово е опремена само со една кабина и има минимум технички услови за симултан превод за време на судските рочишта. Останатите сали ја немаат потребната опрема, со која може на вистински и професионален начин да се примени новиот...

Вистиномер: Дезинформација е дека „вакцината шири вирус“

Од само една болница во Велика Британија и состојбата со хоспитализациите во еден ден, не може да се извлече заклучок дека вакцината шири вирус. Во државата 37.650.239 луѓе примиле трета доза вакцина. Британските здравствени власти во своите извештаи наведуваат дека бустерот на Фајзер кај...

„EU vs Disinfo“: Како Кремљ фабрикува причини за инвазија на Украина

„EU vs Disinfo“, ЕУ-сервисот за борба против дезинформациите и манипулациите што се пласираат од официјална Москва и од нејзините трабанти објави нова анализа на преовладувачките дезинформациски наративи во врска со Украина, која што ја пренесуваме во целост: Среде воената ескалација долж границите на Украина, медиумите...

Контраспин: Пензиите не треба да бидат ничија пропагандна желботека, па и на ВМРО-ДПМНЕ

Дали, од кога и колку може да бидат зголемени пензиите, за кои категории пензионери, според кое законско решение и како при сето тоа да се одржи фискална стабилност, а во исто време и стабилноста на самиот Фонд за редовна исплата на обврските кон пензионерите,...

Вистиномер: Партиите ги кријат своите финансии, ЕК апелира на зголемена транспарентност

Транспарентноста на финансирањето на политичките партии е поразителна, покажува посебниот Извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања за локалните избори 2021 на Антикорупциската комисија, кој неодамна беше презентиран на јавна седница на ДКСК, а сега се наоѓа во собраниска процедура. Антикорупционерите отвориле...

Вистиномер: Вакцинираните не добиваат свој број и нема докази дека за неколку години ќе паѓаат како мушички

Не е точно дека на лицата коишто се вакцинирани против ковид-19 им е доделен каков било број и тоа од сопствено искуство им е познато на сите кои се вакцинираа во Северна Македонија. На нивниот вакцинален сертификат единствено се впишани бројот на серијата и...

Контраспин: Не постои единствен систем по кој ќе се мери продуктивноста во јавниот сектор

Принципиелниот став на Ковачевски за врзување на продуктивноста на трудот со растот на платите кај администрацијата или вработените во јавниот сектор е своевиден спин, бидејќи се потребни години за изградба на солиден систем на оценување на продуктивноста и тоа прашање во моментов не може...

Вистиномер: Смртните случаи од ковид не растат со бројот на вакцинираните

Вакцинацијата не придонесува за смртноста во Северна Македонија, а за тоа има повеќе показатели. Како еден од тие показатели е фактот што смртноста во државата почна да расте уште пред воопшто да постои вакцината и земјава за првпат во 2019 година влезе во состојба...

Вистиномер: Ситни чекори на македонскиот пат од „хибриден режим“ до „нецелосна демократија“

Лондонската компанија Economist Intelligence Unit (ЕИУ – Единица за деловно разузнување) го објави Индексот на демократијата за 2021 година, каде според пет категории, се рангира степенот на демократија во 165 независни држави и две територии. Ова го опфаќа речиси целото население на светот и...

Вистиномер: ПЦР тестирањето не е прикриена програма за вакцинација

Тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со...

Контраспин: Струја снема во цело Скопје, не само во зградата на Филхармонија додека говорел Мицкоски

Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека власта намерно ја исклучила струјата во објектот на Филхармонија додека Мицкоски давал отчет, а со цел да го замолчи, во најмала рака делува смешно. На 13 февруари попладнето снема струја не само во објектот на  Филхармонија, туку речиси во цело...

Граѓаните мора лично во судот да однесат доказ за платен судски паушал, но треба да си побараат и заверка

Граѓаните се прашуваат дали е законски тие да мора да одат во судот и лично да ја доставуваат уплатата за судски паушал за сторен прекршок. Адвокатот Ѓорѓи Поп Кочев за „Вистиномер“ дека ваквата обврска, граѓанинот лично да ја однесе уплатницата, е законска, бидејќи нема како...

Вистиномер: Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човечката крв, односно, дека ја онеспособува да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...