Македонија Страница 1503

Македонија

Собрани 637.454 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви

На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 26.270.940  денари или 427.170 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.932.500 денари или 210.284 евра, или вкупно 637.454 евра. До сега, од 150...

Жерновски: Груевски е криминалец и насилник и местото му е во здравствена установа

На таквите како Никола Груевски местото не им е во политиката, туку во поправна установа, а како што можевме да слушнеме од прислушуваните разговори, и во здравствена институција, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по исказот што го даде во Специјалното јавно обвинителство...

На 26 август протест против изградбата на панорамското тркало

Следниот петок, 26 август, во 18 часот, активисти организираат мирен протест на Кејот на Вардар до Музејот на македонската борба, каде што моментално се гради панорамското тркало. Организаторите на настанот велат дека сакаат да им порачаат на надлежните лица и институции во градот дека „Скопје не...

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола може да се влезе само без мобилен телефон

Во новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Битола не може да се влезе и да се носи мобилен телефон. На влезната врата стои натпис во кој се замолуваат членовите мобилните телефони да ги остават на портирницата. На прашањето дали членовите на партијата се плашат од протекување на...

ВМРО-ДПМНЕ: Коце Трајановски одговорно и посветено работи за Скопје

СДСМ продолжува да бара оставка од најуспешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, бидејќи СДСМ не сака кога во Скопје се подобруваат условите за живот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое се бара градоначалникот Коце Трајановски да одговара...

Во ДИК до денеска се пријавиле 5.526 спорни гласачи

Вкупно 5.526 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија оттаму. Од нив, 2.473 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК,...

Жерновски дојде во СЈО да даде исказ за случајот „шамари“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска точно напладне се појави во Специјалното јавно обвинителство. Тој треба да даде исказ во врска со, како што информираа од општината, случајот со нарачаните шамари и демолирањето на општинските простории во 2013 година. Жерновски пред да влезе во...

Откажана прославата на Денот на АРМ поради поплавите

Министерството за одбрана ги откажа сите активности околу прославата на Денот на АРМ (18 aвгуст), поради поплавите во скопскиот регион, пишува „Утрински весник“. „Поканите за прославата беа испратени еден месец однапред и во време кога не можеше ниту да се претпостави дека ќе може да...

СДСМ: Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение порача дека градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на скопјани им должи само оставка. Од партијата сметаат дека за Трајановски поважно било да ги слуша наредбите на Никола Груевски и да ги троши парите на граѓаните за криминални тендери, за раскош...

Партиите, засега, без пречки одат кон лидерска средба на 31 август и избори во декември

Политичкиот договор на партиите тече според зацртаниот план. И од двете македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат дека нема да има задоцнувања и одлагања, ниту пак проблеми за да се спроведат сите активности за кои партиите се согласија на 20 јули. Од СДСМ информираат дека...

Денеска прва средба на члeновите на ад хок телото за регулација на медиуми

Денеска во 14 часот, членовите на ад хок телото ќе ја имаат првата средба во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), дознава „Мета“. Љубомир Костовски, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова ќе се сретнат со директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, додека Горан Трпеноски се...

Oбвинителството отвори истрага за случајот со измамените Македонци од САД за авиобилети

Основното јавно обвинителство - Прилеп почна предистражна постапка за случајот со измамени Македонци од САД за евтини авиобилети, потврдуваат од ова обвинителство за „Мета“. „По поднесени кривични пријави од оштетени лица, во Основното јавно обвинителство - Прилеп заведени се два кривични предмети за  овој случај....

Сончево време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 28 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 11, а...

Оер: Да се исполни договорот и да се организираат кредибилни и демократски избори

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбер Адеми денеска се сретна со амбасадорката на Франција, Лоренс Оер. Оер на средбата истакнала дека Франција ќе продолжи со поддршката за еворинтеграцијата на Македонија и посочи дека е потребно понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ/Сорос нема капацитет да работи во интерес за граѓаните

Деструктивната и некрофилска политика на СДСМ/Сорос секојдневно доживува порази и целосно е прочитана од страна на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Петре Шилегов. Од владејачката партија велат дека „СДСМ е во очајна состојба и тоа го гледа целата македонска јавност која ги...

Чарлс Купчан „ги преслуша“ лидерите на четирите политички партии

Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска во одвоени средби се сретнаа со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД. На средбите се разговарало за излез од политичката криза, политичките...

Собрани 588.415 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви

На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 23.298.578 денари или 378.838 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.889.000  денари или 209.577 евра, или вкупно 588.415 евра. Од Црвен...

Експертите на ЕУ дале насоки за санирање на штетите од поплавите

Питер Глерим, лидерот на тимот експерти на Европската Унија кои минатата недела пристигнаа во земјава преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, на денешниот втор координативен донаторски состанок за поплавите, меѓудругото ги презентирал „советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и...

Шилегов: На Груевски најважен му е политичкиот маркетинг

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани, обвини денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Петре Шилегов. Тој рече дека заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени...

Јанева најави „зголемена фрекфенција“ на лица во СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти дека во периодот што следи во СЈО ќе има зголемена фрекфенција на лица кои се повикуваат во врска со предметите што ги води Обвинителството. Во писмената изјава се додава дека нема да се откриваат поконкретни детали заради тајноста...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...