Македонија Страница 1475

Македонија

Побарана нова регулатива за сезонското вработување во туризмот

Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ), заедно со Македонската хотелска асоцијација (ХОТАМ), бара измени и дополнувања на законската регулатива што се однесува на ангажманот на сезонските работници во туризмот. Двете асоцијации предлагаат нов модел за пријавување и за плаќање на сезонските работници, по т.н. систем на...

Кампања против ксенофобија насловена „Деца на планетата Земја“

Во Паркот на франкофонијата денеска се одржува манифестацијата „Деца на планетата Земја“, која е дел националната кампања против ксенофобија. „Деца на планетата Земја“ е граѓанска акција на Фондација „Отворено општество“ - Македонија, која порачува дека сите имаме право да живееме мирно, слободно и безбедно. Во рамки...

Димитриев во Виена на самит за бегалската криза

Македонскиот премиерот Емил Димитриев денеска во Виена ќе учествува ќе учествува на Самитот за бегалската криза, насловен „Миграцијата долж балканската рута“. Покрај Димитиев, на самитот, по покана од австрискиот канцелар Кристијан Керн, ќе учествуваат и премиерите на деветте земјите што се наоѓаат на таканаречената балканска рута,...

ОН да најде сеопфатно решение за бегалската криза, порача македонската дипломатија

Република Македонија посветено работи на проблематиката за справување со мигрантската криза, притоа обезбедувајќи хуман третман, согласно националните закони и меѓународните конвенции за заштита на човековите права, стои во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи откако високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид...

МНР: Бугарија да ги почитува меѓународните процедури за поставување спомен-обележја

Чествувањето на жртви од воените конфликти во нашиот регион е дел од културата на помирување и, пред сè, претставува хуман гест, соопштија од Министерството за надворешни работи на Република Македонија и додаваат дека плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена. „Очекуваме од нашите пријатели од Република...

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 26 степени. Во Скопје и во околината се очекува...

Расправата за извештаите на Јанева и на Зврлевски ќе продолжи в понеделник

Комисиската расправа на која се разгледуваше извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство и на која пратениците ѝ поставуваа прашања на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, заврши, a ќе продолжи в понеделник. По паузата, пратениците од власта и од опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања во...

Заев со писмо ги предупредува амбасадорите дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат фер избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е загрижен дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат да има фер и демократски избори, соопштија од СДСМ. Тој со писмо им се обрати на амбасадорите кои се гаранти на Договорот од Пржино. Во писмото Заев пишува дека носењето на буџетот за 2017...

СДСМ: Ниту незаконскиот реизбор на Аневски не го спасува обвинетиот Груевски

„Советот на јавни обвинители ги прекрши законите. Во член 8, став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители јасно стои дека мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава...

ЗНМ: Спикерот на Собранието сака да го контролира протeкот на информации

Со забраната на телевизиите да вршат директен пренос од седниците и од комисиите на Собранието, се контролира протекот на информации и тие селективно се пренесуваат до јавноста, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). - Сметаме дека намерата на спикерот на Собранието е да...

ОН ја критикуваат Македонија за третманот на бегалците

Високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, денеска ги критикуваше властите на Македонија за систематската политика на протерување и на затворање на мигрантите. Критиките доаѓаат по посетата на неговиот персонал на Македонија Ал Хусеин е особено загрижен поради ситуацијата на околу...

СЈО повторно ги достави доказите и побара изземање на судијката

Специјалното јавно обвинителство денеска повторно ги достави доказите за случајот со фалсификување на документите поврзани со уништување опремата за прислушување во УБК до Основен суд Скопје 1, а кои вчера беа им вратени како нецелосни. СЈО поднесе и барање за изземање на судијката, бидејќи постојат околности...

Јанева: Три дена намерно ме држите овде за да не можам да работам

Почна комисиската расправа на која се разгледува извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство и на која пратениците ѝ поставуваат прашања на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Три дена намерно ме држите тука и не ме оставите да работам. Три дена седам тука и...

Бугарите распалија по Неделковски и по Македонија: Тоа се глувци, скриени во мракот

Бугарскиот пратеник Росен Петров побара бугарското Министерство за надворешни работи да го повика македонскиот амбасадор во Софија откако Миленко Неделковски со токмак ја искрши спомен-плочата што бугарските власти без дозвола ја поставија на македонскиот планински врв Кајмакчалан, посветена на паднатите бугарски борци во Првата светска...

Владо Ѓорчев, новинарот на „Мета“, доби награда за истражувачка сторија за корупција

Новинарот на новинската агенција „Мета“, Владо Ѓорчев, за текстот „Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо“, ја доби втората награда од конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на...

Талески се врати на работа четири дена по укинување на притворот

Четири дена од укинувањето на мерката куќен притвор, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен од СЈО за криминал со школскиот превоз, се појави на своето работно место. По три месеци минати во куќен притвор, извори од Општината потврдуваат дека по 10 часот Талески дошол во...

В понеделник во 17 часот, собир за поддршка на СЈО

В понеделник, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво. Во повикот на социјалните мрежи, пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и...

На Јанева ѝ е подобро, но не се знае дали ќе се појави на седница

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска се чувствува подобро, но сè уште не знаеме дали ќе се појави на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, велат од СЈО за „Мета“. Синоќа по дводневна расправа за вториот извештај за работата на СЈО...

Ципрас во ОН: Заеднички прифатливо име со географска одредница за сите употреби

Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница за сите употреби (ерга омнес) во преговорите за спорот за името со Македонија. Ова го истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, додавајќи дека Грција работи во насока на...

Продолжува седницата на собраниската комисија за извештаите на Јанева и на Зврлевски

Денеска во 13 часот треба да продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да продолжи да одговора на прашањата на пратениците. По два дена работа, синоќа на Јанева ѝ се слоши и таа...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...