Белата куќа ја потврди смртта на Американката во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама ја потврди смртта на Кајли Милер, хуманитарка во Сирија, додавајќи дека САД „ќе ги изнесат пред лицето на правдата оние кои се одговорни“.

Девојката е убиена откако џихадистите му пратиле приватна порака на нејзиното семејство, соопштија од Белата куќа.
– За време на викендот, семејството добило приватна порака од киднаперите на Кајли, која содржела дополнителни информации. Кога разузнавачките служби ја потврдиле автентичноста на снимката, заклучено е дека Кајли е убиена – рече портпаролката на Белата куќа, Бернадер Механ.

Исламска држава претходно тврдеше дека при нападите на јорданските авиони на сирискиот град Рака загинал еден нивен заложник и оти станува збор за Американката.