фото: Архива на Мета

Бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година опаднал за -0,7 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

„Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите дејности во врска со недвижен имот од 2 проценти и финансиски дејности и дејности на осигурување од еден процент. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 1,6 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 62,4 проценти,“ се вели во соопштението.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,5 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,7 проценти.