Бајден ги повика Американците да ја стивнат агресијата по нападот на Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден остро го осуди обидот за атентат врз Доналд Трамп како „спротивен на сето она за кое се залагаме како нација“

Фото: The White House

Пo нападот на Доналд Трамп, претседателот Џо Бајден испрати јасна порака до американскиот народ дека е потребно да ги отфрлат сите форми на политичко насилство, со цел да се усмери патот кон мирно решавање на разликите за претстојните претседателски избори кои според него ќе бидат „време на тестирање“.

Тој додаде дека зголемените политички страсти не треба да доведат до насилство, бидејќи постои начин преку политичко натпреварување помеѓу републиканците и демократите, преку споделување на различни политички визии да се постигне целта.

Јасниот став на Бајден дека „сите ние сега се соочуваме со време на тестирање како што се приближуваат изборите. Нема место во Америка за било каков вид на насилство, без исклучоци. Не можеме и нема да дозволиме ова насилство да се нормализира“ – дава до знаење дека САД треба да се освести дека ваквите акции се во целост се неприфатливи.

Од пукањето на митингот во Пенсилванија, претседателот изрази загриженост за претстојната кампања, но сепак не ги откажа предвидените митинзи за својата кампања, објави Асошиејтед прес. Службите активно трагаа за информации во врска со напаѓачот, кој е неутрализиран. Станува збор за дваесетгодишното момче кое било вработено во старечки дом во предградие на Питсбург. Тој бил регистриран како републиканец, кој подготвувал страшен план во возилото додека возел на предизборниот митинг кој се одржувал на оддалеченост од еден час од неговиот дом.

Официјални лица за спроведување на законот се обидоа да дознаат повеќе за Томас Метју Крукс од Бетел парк, Пенсилванија, за да утврдат што го натерало да отвори оган на собирот од блискиот покрив, убивајќи еден од присутните пред да биде застрелан од Тајната служба. Тој нема криминално досие, а службите известуваат дека дејствувал сам.

Бајден во своето обраќање додаде дека нацијата е заснована на демократијата која му дава шанса на разумот и балансот да владее наместо неразумните акции проследени со дезинформации, кои понатаму будат агресија и доведуваат до насилство. Тој остро го осуди обидот за атентат врз Доналд Трамп како „спротивен на сето она за кое се залагаме како нација“. Тој рече дека наредил независен безбедносен преглед за тоа како можел да се случи таков напад.

Одри Гибсон-Кичино, координаторката на Тајната служба за конвенцијата, изјави дека по нападот на Трамп не е сменето ништо во безбедносниот план на агенцијата, истата се стреми кон зајакнување.

Претседателот по немилиот настан одлучи да го одложи планираното патување во Тексас каде требаше да зборува на 60 годишнината од основање на Законот за граѓански права. Од неговата партија соопштија дека интервјуто кое е предвидено на каналот NBC ќе „продолжи да прави контраст“ на политиките на Републиканската партија.

Бајден го поврза пукањето со други претходни инциденти како што беше смртта на контрадемонстрантот во 2017 година на митингот на белиот врв во Вирџинија, до бунтот во Капитол на шести јануари 2021 година.