Апел до вработените во градинките да се имунизираат, речиси 60 проценти од нив примиле вакцина

Вакцините Фајзер/Бионтек | Фото: Министерство за здравство 17.02.2021 г.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да го сторат тоа, со цел непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во време на пандемија.

„Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо во текот на целиот летен период. Истовремено информираме дека досега се вакцинирани речиси 60 проценти од вработените во градинките во државава и воедно апелираме и останатите 40 проценти на воспитувачи, негуватели и технички персонал да се вакцинираат за да може да биде обезбеден безгрижен престој на децата. Само така градинките по завршувањето на летниот период ќе можат да работат со полн капацитет“, соопшти МТСП.

Министерството вели дека вработените во градинките во изминатиот период покажале високо ниво на одговорност и професионалност и преку целосно почитување на Протоколот за заштита и не дозволиле внатрешно ширење на корона вирусот