Александар Котевски е нов в.д. директор на Филхармонија

Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева која изминативе неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата

Извор на фотографија: Национална филхармонија

Нов в.д директор на Филхармонија е Александар Котевски, соопштија оттаму. Решението го донеле одговорните во Министерството за култура.

Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева, која изминативе неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата.

Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 работел како уметнички директор на Македонската опера и балет, со која во 2013 година ја организира и реализира турнеjата на Македонска опера во Индонезија каде настапија во светски познатата сала „Aula Simphony” и во салата на храмот „Tzu Chi”.

Котевски бил редовен член на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонска филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево, Дубровничкиот Симфониски оркестар.

Фото: Александар Котевски – Филхармонија