Акциска контрола во тетовско Желино, приведени 19 млади странски државјанки

Затекнати и приведени биле деветнаесет странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, десет од Албанија. Приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија

Фото: МВР

Акциска контрола во ноќен клуб во тетовското село Желино спровеле синоќа после полноќ полициски службеници од СВР Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Целта на контролата била откривање на странски државјани со нерегулиран престој или злоупотреба на престојот.

Притоа, затекнати и приведени биле деветнаесет странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина и десет од Албанија. Приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија. Тие престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација,

Приведените биле задржани во полициска станица, а полицијата најавува соодветни поднесоци.