Авионот на Груевски принудно слетал во Цирих

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, која се враќала од Стразбур, принудно слетала во Цирих, јавува „Телма“.

– Според првичните информации, можам да потврдам дека при враќањето од Стразбур, се случил дефект во летот на владиниот авион, во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници, по што авионот принудно слетал во Цирих. Според информациите што ги имам, присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук, по што дошло до нарушување на внатрешниот притисок, а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и, според протоколот за вакви ситуации, да го слета авинот на најблискиот аеродром – изјавил  Ѓорѓиев.

Тој додаде дека сите патници се добри и дека надлежните служби треба да ги преземат сите процесни дејства за утврдување на фактите.

– Премиерот Груевски и сите патници во авионот се чуствуваат  добро, а авионот е на поправка во Нирнберг – изјавил портпаролот на Владата.

Владинот „лирџет 60“ е купен во 2005 година, за 10,8 милиони долари. Тоа е еден од најпродаваните млазни авиони од средната деловна класа и се смета за сигурен, исклучително удобен и брз.

Авионот има седум седишта. Крстосувачката брзина му е 782 километри на час, а максималната – 859 километри на час.

Без да слета може да помине 4.600 километри, односно може да ја покрие речиси целата територија на Европа.

Тоа е тивок авион, кој може да слетува и на аеродромите на кои има рестрикции за бучава.