Еден загинат и девет повредени во железничка несреќа кај Грац

Едно лице загина, а деветмина се тешко повредени откако два патнички воза денеска фронтално се судрија во близина на Грац, соопшти австриската полиција.

Машиновозачот на еден од возовите бил заробен во локомотивата и им подлегнал на раните, а една 60-годишна патничка е во критична состојба и со хеликоптер е префрлена во болница.

Портпаролот на железничката компанија ги потврди медиумските написи дека еден од машиновозачите не застанал на црвено светло на влезот во железницата.

Портпаролката на противпожарната единица соопшти дека возовите се движеле со средна брзина и имале време за да сопрат.