Твитер-досетки за „заземањето“ на Гошинце

По информацијата дека полициската станица во Гошинце, во липковскиот крај, е заземена од вооружени лица и по изјавата од МВР дека институците на државата синоќа биле цел на терористички напад, твитер-заедницата молскавично и масовно реагираше и со доза хумор се обиде да ја релативизира ситуацијата.