Папата Франциск: Да се стави крај на насилството и на угентувањето

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во Ватикан ја предводеше богослужбата за Велигден, најважниот католички празник што го одбележува воскреснувањето на Исус Христос.

Оваа година Велигден се одбележува во сенка на масакрот што го изврши екстремистичката група Ал Шабаб на универзитетот во кенискиот град Гарси, каде беа убиени 148 лица – поголемиот дел христијански студенти.

Папата Франциск од терасата на Базиликата „Свети Петар“ во Ватикан ја упати велигденската порака „Урби ет Орби“, потоа подели апостолски благослов и им го честита Велигден на сите верници.

Тој во својот говор го пофали договорот постигнат помеѓу шесте светски сили и Иран, а изрази длабока загриженост за крвопролевањата во Либија, Јемен, Сирија, Ирак и во Украина. Папата изрази и жалење за страдањето и за угнетувањето на луѓето во конфликтите што се случуваат во моментов и повика да му се стави крај на насилство.

Папата претходно одржа миса на плоштадот Свети Петар пред десетици илјади верници кои се собраа на силниот дожд.

Ова е негова трета богослужба откако беше избран за папа во март 2013 година.