САД со прецизен напад уби лидер на терористичка група поврзана со Иран во Багдад

Абу Бакир ал-Саади бил убиен со прецизен воздушен напад додека се возел во својот автомобил

Фото: USACE HQ , JIM GORDAN, CIV, USACE, Public domain, via Wikimedia Commons

Прецизен воздушен напад со дрон лансиран од САД во Багдад резултираше со смрт на три члена на Катаиб Хезболах, ирачка исламистичка група поддржана од Иран, известува Би-би-си. Еден од убиените бил Абу Бакир ал-Саади, висок раководител во групата.

Според Пентагон, Ал-Саади бил бил вклучен во планирањето на нападите врз американска база во Јордан на 28 јануари, кои резултираа со смртта на тројца американски војници. Нападот е еден 85 воздушни напади на границата меѓу Ирак и Сирија кои се одговор на убиените американски војници.

Претходно, Бајден најави дека претходните напади биле „почетокот, а не крајот“ на американскиот одговор на нападите во Јордан. Дополнително, САД претходно имаше таргетирано воени цели во Јемен, како одговор на нападите на Хути врз шпедитерски бродови во Црвеното Море.

По нападот, Катаиб Хезболах најавија дека ќе прекинат со напади врз американски војници за да го заштитат Ирак од дополнителна штета.

Нападот се случил на улица во Багдад со многу метеж. Ал-Саади и двајца негови телохранители се возеле во автомобил. Автомобилот бил прецизно таргетиран и експлодирал. Од САД велат дека немало колатерална штети или убиени цивили.

Според Би-би-си, нападот ќе биде интерпретиран како ескалација. Имено, исламистички групи во Ирак веќе најавиле дека нема да остане нападот „неказнет“.